Артан Груби на телевизија на едно интервју, ај што го пушти низ вода Бујар Османи така лесно дека нема да влезе во втор круг, па вели дека секој кој што сака да ја добие поддршката од ДУИ за втор круг мора да се согласи да се бира претседател во Парламентот. Значи не да го бирате вие, граѓаните, тие сакаат неколкумина, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.
-Така се тие навикнати во Речица во седиштето, неколкумина да седнат и да речат ти ќе ја купиш Соравија, ти ќе возиш Бентли, ти Ролс Ројс, ти ќе имаш фирма за ова, ти ќе увезуваш јаглен, ќе направиш фирма и ќе увезуваш јаглен. Тие така се навикнати. Тие не знаат да го прашаат народот, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека овие луѓе со ваков начин на размислување, продавајќи романтични националистички приказни повеќе од 20 години се богатат на грбот на народот.
-Ова го кажувам само да посветам внимание на овие измамници кои повеќе од 20 години со романтични националистички приказни и реторики се збогатија и станаа милионери на грбот на народот и тука нема етничка припадност. На грбот на сиот народ во Македонија, по принципот „Како до сега“. Тоа е принцип по кој повеќе од две децении владее ДУИ во владите со различни политички партии коишто се дел од таа влада, истакна Мицкоски и додаде:
„Тој принцип „како досега е отвори денес фирма, утре донеси јаглен, ќе ти го платат од Буџетот по трипати повисока цена ќе вратиш кај нас пола од профитот. Тоа е принципот „Како досега““.
Мицкоски исто така пред граѓаните истакна дека за време ва владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сигурно е дека нема да биде како до сега, а тие што се погрешиле пред народот и пред законите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат, како што рече, за сите злодела.
Мицкоски го повика Пендаровски да се изјасни за условот на ДУИ.
-Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија, истакна Мицкоски.