Тајзи запеа на српски јазик: Мој живот, моја ствар!

by Fokus

Музичарот Драган Величковски – Тајзи промовираше нова песна и спот на интернет каналот Јутјуб.

Станува збор за песната ,,Мој живот, моја ствар’’ која е отпеана на српски јазик. Музиката и аранжманот за истата се на Роберт Билбилов, а автор на текстот е Тајзи. Спотот пак, чиј режисер е Тајзи, е изработен во стрип техника и е прв од овој вид кај нас.

Пејачот најавува доста работен период и снимање на уште пет нови песни до крајот на годината, помеѓу кои и една на англиски јазик. Ова е 18 – ти спот на кумановецот кој е еден од најпопуларните пејачи во земјава. Својата кариера ја започна како дел од дуото Скипи и Тајзи во 2010 година. Неговите песни најчесто носат моќни пораки за иронијата на општеството во кое живееме, а неговата песна ,,Револуција’’ лани се најде на врвот на топ листите.

-Не сакам да зборам за политика. Тоа што имам да го кажам, го кажувам со песните. Иронијата за која што пејам не се однесува само на нашето општество, туку е на светско ниво – ни изјави тој неодамна.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости