Реге музичарот Драган Величковски -Тајзи денес слави роденден. Кумановецот чии песни се едни од најслушаните на музичкиот канал Јутјуб и бројат милионски прегледи, на својот 33-ти роденден откри дека кога имал 18 години бил на работ на смртта и преживеал тешка операција. Се молел на Бога за шанса за живот, а кога неговиот живот бил спасен, тој свртел нова страница и започнал да се занимава со музика.
-2021 година ми е јубилејна,10 години активна музичка кариера, па би сакал да споделам нешто со вас. На 18 години имав страшна операција и бев на работ да го изгубам мојот живот. Во тие моменти се молев на Бога да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса. После таа операција ништо не беше исто, а јас почнав да пеам и да пишувам…Не знам уште колку ќе сум тука, но додека моето срце чука ќе трае мојата борба за подобро утре, а после тоа ќе останат моите текстови !!! Должен сум да ви се обратам и да ви ја кажам вистината.Тоа е мојата мисија. Спремам албум во кој ќе чуете се што сакам да ви кажам. Се надевам, иако поминуваме низ многу тежок период за сите нас, дека ќе успеам да го реализирам во 2021 година. ,,Твое е да ги натераш повторно да поверуваат во мене,во љубовта и во вистината, а јас ќе ти дадам светлост да го освлетиш и најтемното ќоше” – пишува Тајзи.
Додава дека Македонија раѓала многу синови, пејачи, уметници, спортисти и големи луѓе, и ќе ги раѓа и во иднина.
-Такво е нашето семе, што повеќе го газиш надоле накај земјата, р’ти и расне уште повисоко накај небото. Ние не знаеме да мразиме зошто сме правени со љубов, а не од интерес. Ви благодарам за сите пораки и убави зборови ми ја расплакавте душата – порача музичарот за својот роденден.
Вики Клинчарова