„Тајм“ го нарече Заев северномакедонски премиер

by fokus

Во својот извештај за вчерашната посета на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на Скопје, угледниот неделник „Тајм“ на својот веб сајт објави наслов каде го нарекува премиерот, Зоран Заев, северномакедонски. „Грчкиот и Северномакедонскиот премиер позираат на историското селфи по крајот на 30-годишниот спор“, стои во насловот.

Понатаму во текстот, грешката е исправена и Заев е атрибуиран како македонски премиер.

Се очекува реакција од Министерството за надворешни работи. Од Владата пред извесно време информираа дека ги брифирале странските медиуми да не ја употребуваат придавката „северномакедонски“, затоа што таквото ословување не е во духот на Договорот од Преспа.

Поврзани новости