Tag:

неологизми

  • Дека немаме демократија во земјава ни е јасно на сите. Некои велат дека имаме партократија (владеење на партиите) ама тоа не е точно оти не владеат партиите туку нивните лидери. Дури ни бирократијата не е водечката сила во држава. Па каква „-кратија“ имаме ние?

  • Византинејџери

    by fokus
    by fokus

    На моменти, владејачката партија покажува толку многу итрина, што би ѝ завидувале и најпрепредените владетели од некогашната Византија, легендарна по својата превртлива политика. Но често, нашата власт се однесува небаре е разгалено детиште, како тинејџер среде пубертет преплавен со хормони. Таа бизарна комбинација на византиска лукавост со тинејџерска ирационалност може да се означи со неологизмот „византинејџери“.

  • Психопатарина

    by fokus
    by fokus

    Сите знаеме што е тоа „психопат“ и сите знаеме дека кога се вози по некој пат, обично се плаќа патарина. А кога на власт се неарни луѓе, и кога тие нѐ „возат“ постојано, дали парите што им ги даваме можеме да ги наречеме психопатарина?