На меѓународниот турнир од светската серија Г2 турнири, каде учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји, македонската таеквондистка Мила Рељиќ во својата категорија сениорки – 62 кг освои златен медал.
Поради одличната позиција (28) на светската ранг листа, Мила беше прва носителка во својата категорија и во првото коло беше слободна.
Во полуфиналето, домашната претставничка Наоми Биненсток го предаде мечот, а својата доминација Мила ја демонстираше и во финалната борба каде ја победи со 2:0 во рунди и голема разлика на поени репрезентативката на Еквадор и моментално бронзена од последните Панамерикански Игри, Мел Мина.
За Мила ова е прв златен медал од конкурентната Г2 серија и одлична најава за успеси на претстајното Европско Клубско Првенство во Естонија кон крајот на овој месец, Европското првенство за млади до 21г во Албанија кон крај на септември, како и на светското првенство за сениори во ноември во Мексико.
Мила освои дополнителни поени со надеж за влез во Гран При селекцијата за октомври месец во Манчестер.