Комеморативна седница за трагедијата во Цетиње: Зошто полицијата чекала толку долго?

by Фокус

Молк, тишина, затворени локали, знамиња на половина копје и наведнати глави, тоа се сцените во Цетиње по убиството кое се случи пред неколку дена.

Вук Бориловиќ уби 10 лица, а повреди шест пред да биде застрелан од негов сосед.

На жителите на Цетиње не им е јасно што правела полицијата и зошто чекала толку долго да го ликвидира, пишуваат медиумите.

-Имав среќа што не сум бил дома, зашто ќе бев убиен. Тоа траело премногу долго. Не знам што правела полицијата цел час. Сакале да преговараат со човек кој го загубил разумот, со такви не се преговара – вели жител на Цетиње.

Во домот на Владата во Цетиње се одржа комеморативна седница по повод трагедијата што го погоди тој град и во која загинаа 11 лица.

Комеморацијата започна со едноминутно молчење за жртвите, а беше речено дека Цетиње не е сам во својата жалост, туку дека тагува цела Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ истакна дека трагедија од невидени размери ги погодила Цетиње и Црна Гора и ги оставила сите во шок.

Поврзани новости