Не гледам политичка волја на 5 јуни да имаме фер и демократски избори, изјави денеска претседателот на ДПА Мендух Тачи по разговорите со амбасадорите од Европската унија.
-Нешто се случува таму што нема врска со правни работи и со коректни избори. Која е бројката? Двесте и триесет илјади ли била или, ми велат дека погрешна била формулата, се работело за 23 илјади? Нема сериозност. За да се дојде до чист Избирачки список треба да имаме чист попис, рече Тачи.
Тој додаде дека кај Албанците не се софистицирани начините на крадење гласови, туку тоа се прави со „полнење на кутиите со лопата“.
-Ако кажам дека не е проблем Избирачкиот список, ќе излезе дека некого штитам, но, проблем е Избирачкиот список, проблем е политичката клима, проблем се шиканирањата, употребата на администрацијата, давањето пари, кллиентелата, рече Тачи.