Причинителите на политичката криза – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни одлуки за прашања кои беа дел од преговорите и за кои требаше да се постигне консензус меѓу најголемите политички партии, со посредство на претставниците на САД и ЕУ, рекол лидерот на ДПА Мендух Тачи на средбата со генералниот директор на Директоратот за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон.
„Единствен излез од оваа ситуација е продолжение на вистински политички дијалог со посредство на меѓународниот фактор, кој бара нов пристап и силна политичка волја од сите страни. Решението на спорот за името и меѓуетничките односи, како и исполнувањето на демократските услови за организирање веродостојни избори без оглед кога тие ќе се одржат, и понатаму остануваат клучни и неопходни прашања за ДПА“, рекол Тачи.