Лидерот на ДПА Мендух Тачи очекува по средбите на партиите со Јоханес Хајндл и заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, да се дојде до можно решение за излез од кризата и да се дефинира датум за избори.
Тачи порача меѓународниот фактор да заземе поцврст став кон решавањето на кризата.
– Странските преставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став, да не ги толерираат разните барања и желби на политичките партии. На тој начин ќе се постигне решение и ќе се стави точка на кризата. Но, тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не излезат на површина меѓуетничките прашања, кои како вистински проблеми уште повеќе би ја продлабочиле кризата во земјава – изјави Тачи синоќа по прославата на годишнината на неговата партија во Тетово.