470
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи на предновогодишната средба со сопартијците и медиумите истакна дека за државата спасот е поддршката од ЕУ и САД.
„Не спаѓам во редот на тие политичари кои секој ден нудат надеж без покритие. На жалост морам да кажам дека следната година од економски план ќе се влошува уште повеќе. Единствена надеж наша е ние да бидеме со нашите меѓународни партнери ЕУ и САД кои ни помагаат и се надевам дека и понатаму ќе економски ќе ни помагаат“, порача Мендух Тачи.