Тачи се жали од ДУИ пред Американците

by Фокус

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на денешната средба со вториот човек во Амбасадата на САД во Македонија, Бартон Путни, презентирал факти кои покажувале дека ДУИ ги повредила демократските норми на изминатите претседателски и парламентарни избори, нарушувајќи го изборниот процес, соопштија од ДПА.

„ДПА ќе продолжи да придонесува за вистински политички дијалог и ќе биде дел од демократскиот процес во земјава„ рекол, како што информираа од партијата, Тачи на средбата со Путни.

И двајцата соговорници, според партиското соопштение, се согласиле оти деблокирањето на интеграциите е главен приоритет од кој зависи перспективата на државата и на регионот.

Поврзани новости