484
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повтори дека е отворен да разговара за корекција на границата со Србија, но не и за размена на територии.
Тачи рече дека таквата поделба е „неприфатлива” за него, но дека Прешевската долина сепак треба да стане дел од Косово.
– Тоа што Србија бара поделба на Косово нема да биде успешно. Тоа е неприфатливо, потенцираше Тачи.
Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, и покрај противењето на Белград.