Мицкоски до Палмер: Антидемократски е што власта ги одби нашите аргументи за референдумското прашање

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

-Притоа тој потенцираше дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека неодговорно, и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство. Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање, додаде Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости