455
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во Струга, каде што присуствуваше на отворање на новата канцеларија на партијата, потврди дека ДПА води разговори со премиерот Никола Груевски, по информациите во некои медиуми дека наскоро ДПА ќе стане дел од Владата.
Разговараме на многу теми, но се уште не сме стигнале до точката за распоред на министри од ДПА во Владата на Груевски.
На прашањето, како ги коментира снимките кои ги објави лидерот на СДСМ, Заев, на кои се слуша, како тој разговара со шефот на УБК, Сашо Мијалков, Тачи рече дека тоа се монтирани содржини на телефонски разговори.