Груевски: Нeма да има избори!

by Фокус
„Нема да има избори, СДСМ нека не се плаши, но ќе има силен одговор од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е оваа трибина“, изјави Груевски во своето обраќање пред приврзаниците на партијата на собирот во салата Борис Трајковски во Скопје.
Барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо, но без ВМРО-ДПМНЕ во неа. Со формирањето преодна влада се отвора простор за сериозен преседан кој може да биде конфликт за партиите, рече Груевски.

 

– Ова ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија, правна постапка за секој за кого има сомневања и докази дека го прекршил законот и институциите на системот, кои ме радува дека побараа меѓународен мониторинг, ќе ценат какви докази постојат и совесно и самостојно ќе одлучуваат. Ние сме подготвени за дијалог на принципиелни основи согласно досега јавно изнесените позиции. Но условувања и уцени никогаш нема да прифатиме. Убеден сум дека јавниот обвинител работи според законот – рече Груевски и повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија.

 

Поврзани новости