553
Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи не е оптимист по посетата на германскиот специјален пратеник и смета дека обидот за „реанимација” на Пржинскиот договор можно е да заврши неуспешно.
-Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на меѓународната заедница на емисарот од министерстото за надворешни работи на Германија да го оживее Договорот од Пржино можеби ќе биде неуспешно – изјави Тачи по разговорите со Хајндл, во германската амбасада.
Запрашан зошто е песимист, лидерот на ДПА рече дека по една година преговарање, бесмислено е да се вратат истите луѓе на власт.