441
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, му честиташе на Мендух Тачи за неговиот реизбор на чело на ДПА на партискиот конгрес одржан денеска во Тетово.
– Разликите меѓу нашите ставови се корисни за нашето општество и придонесуваат за квалитетни решенија на прашања кои ја засегаат нашата земја. Но, јас сум сигурен дека делиме слични ставови околу главните прашања кои ја чекаат нашата земја и дека заеднички ќе дадеме конструктивен придонес во надминувањето на овие пречки што ќе овозможи благосостојбата на нашите граѓани – му вели Ахмети на Тачи и му честиташе и за одлуката ДПА да се врати во Собранието по тепачката меѓу пратениците од двете партии.