587
Во моментот во Кривичниот суд се објавува пресудата за случајот „Титаник 2“. На објавата не присуствува обвинетиот Мендух Тачи, лидерот на ДПА.
Во судница присутни се останатите обвинети, односно екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Рочиштето е во тек, а набрзо ќе биде познато дали обвинетите ќе бидат осудени.