530
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на денешната средба со странските дипломати ги информирал во врска со политичката ситуација во земјата и процесите кои се одвиваат за излез од сегашната криза, соопштија од партијата.
„Тачи ги информирал дипломатите и за понудата на ДПА со која би се решиле внатрешните проблеми и би се забрзал процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ“, стои во соопштението.
Воедно, во него се наведува дека Тачи ги уверувал соговорниците од меѓународната заедница оти ДПА ќе продолжи со нејзината конструктивна и одговорна политика.