Тачи: Лошо сум разбран, не сум рекол дека ќе има војна, туку таква закана доаѓа од Ахмети!

by fokus

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју на „Слободен брифинг“ ја објаснува неговата изјава дека ако во новата Влада нема Албанци можно е да има војна.

Тој вели дека изјавата и извртена, истакнувајќи дека зборува за можните последици предизвикани од неговиот опонент Али Ахмети за кој вели дека е политичар спремен на тензии.

„Интерпретацијата е погрешна. Не сум рекол така. Реков оти барањето на Ахмети за премиер Албанец во подтекстот на тоа политичко барање има директна закана, затоа што тој е свесен дека тој ќе биде опозиција. Последната алка му е национализмот и сака да ја прави тензијата дека тој ако не биде во Влада ќе има дестабилизација и може да се случи сценариото од 2001 година. Мојот одговор и до граѓаните беше – почитувани граѓани, немојте воопшто да се вознемирувате, јас сум кандидат за заменик премиер, ако седнам на тоа место, ви гарантирам дека Ахмети и ДУИ ќе го почитуваат гласот на граѓанинот и ќе бидат мирни како кокошки. Таквата реторика веќе е завршена. Нема такви проекти. Само за ненормални или уплашени луѓе може да има такви изјави. Ние да не заборавиме сме членка на НАТО, на сите возвриени глави на одредени радикални структури на Албанците веќе им е јасно дека таквите сонови не постојат, појасни Тачи.

Тој додаде дека животот и искуството го научиле да расчисти со предрасудите.

-Јас сум имал директни политички конкуренти со кои сум се „тепал“ со децении. Почнувајќи од Глигоров до Црвенковски. Сега од оваа политичка дистанца многу ги ценам двајцата и сакам и мене така да ме ценат. Во мојата кариера имав многу политички јаки изјави, можеби другите ги толкуваа како непромислени, но успеав по таа заслуга да одржувам мир, или сите можни конфликти да ги менаџираме со многу мали последици. Мислам дека политичките партии на Македонците му даваат значење на Ахмети и ви се молам да не се занимавате со таа глупава идеја, тој се бори за својата лична кожа. Најмногу не потценува нас Албанците кога вели премир Албанец, тоа е билошка категорија. Таква категоризација е како во 15 век, вели Тачи.

Поврзани новости