Тачи и Красниќи ќе се појават пред Судот во Хаг

by Fokus

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи денеска ќе го има своето првично судење под обвинение за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Пред судот треба да се појави и поранешниот член на ОВК, Јакуп Красниќи, обвинет за злосторства против човештвото во Косово и Албанија во периодот 1998-1999 година. Според правилата на судот, обвинетите имаат рок од 30 дена од првото појавување да се изјаснат дали се виновни. Тачи и Красниќи се обвинети заедно со Кадри Весељи и Реџеп Селими кои исто така се во притвор во Шевенинген. Тие се обвинети за убиство, насилно исчезнување, прогон и тортура. Овие злосторства се квалификуваат како злосторства против човештвото и воени злосторства.

Главниот обвинител Џек Смит го поднесе обвинението на 24 април, кое според судот е потврдено на 26 октомври. Обвинението се темели на извештајот на Специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторствата на ОВК во Косово и Албанија, 1998-2000 година. Во тој извештај од 2011 година, Марти го идентификуваше Тачи како водач на групата Дреница на ОВК, која држела, мачела и убивала заробени Срби во нехумани услови во импровизирани логори во Албанија, како и Албанци и Роми кои ги сметала за нелојални.

Поврзани новости