Тачи до Нуланд: Време е да договориме нов датум за избори

by fokus

Време е да се стави крај на политичката криза и да се договори датум за избори, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд.

Тачи вели дека на средбата немало време за да се договарат конкретни чекори, затоа што повеќе се разговарало за стратешки начела.

-По тоа што се однесуваа политички до денеска не можам да имам надеж, но мислам дека од денеска ќе добиваме многу поостри критики. Конкретна порака е да направиме се да ја прекинеме политичката криза и да се договориме да одиме на избори- рече Тачи.

Поврзани новости