Ахмети–Нуланд: Очекуваме договор во наредниве денови

by fokus

Итно постигнување на договор за спроведување на реформите и организација на избори што поскоро, ова е заклучокот од средбата меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Викторија Нуланд.

-Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро – стои во соопштението на ДУИ.

Ахмети е оптимист и убедува дека во наредните денови политичките партии ќе постигнат договор за избирачкиот список и медиумите, за потоа да почне да се преговара за датум за избори.

Поврзани новости