ДПА ја поднесе кандидатската листа на пратеници со која ќе настапи на парламентарните избори на 12 април. Партискиот лидер Мендух Тачи традиционално ќе настапи во шестата изборна единица, каде ќе се судри со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами. На синоќешната конвенција, тој се промовираше како вицепремиер на Владата.
– Не сум кариерист, на 33 години бев крал во Македонија, но мрачни сили ме оштетија – рече Тачи, порачувајќи му на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека не може да смета на победа во Тетово, бидејќи, како што рече, Тетово не е Струмица туку Албанија.
Покарај него, пратеничката листа на ДПА во првата изборна единица ќе ја предводи Ниметула Демири, втората ИЕ ќе ја предводи Орхан Ибраими, додека Васфи Доко ќе биде носител во „петката“.