922
Одборите на директори на „Т-мобиле“ и на „Македонски телеком“ донесоа одлука за спороведување на внатрешна истрага за прислушуваните телефонски разговори кои ги објавува опозицијата. Ова доаѓа откако мнозинскиот сопственик на двете компании, „Маѓар телеком“, најави дека ќе спроведе истрага за прислушувањето. Во истрагата ќе бидат вклучени надворешни консултанти.
Исто така, на денешниот вонреден состанок, Одборот на директори на „Македонски телеком“ го избра Панче Кралев за свој нов претседател. Кралев беше министер за образование и наука во владата на Груевски во периодот од 2011 година до 2013 година.