470
Утрово многу корисници на „Т-хоум“ се пожалија дека немаат интернет. Од компанијата велат дека навистина постои проблем, меѓутоа курцшлусот не бил во македонската компанија. Како што велат оттаму, од трите меѓународни линкови за интернет дури два се паднати и целиот интернет сообраќај се одвива преку еден проток што го згуснува сообраќајот и создава проблеми.
Проблемот не е присутен кај сите корисници, некои сепак имаат интернет пристап.
– Се работи да се отстрани проблемот во многу брзо време, денеска сигурно ќе биде решен – информираат од „Т-хоум“.