„Т-хоум“ го реши проблемот со интернетот

by Фокус

Од „Т-хоум“ информираат дека веќе е решен проблемот со интернет пристапот кај се појави кај дел од нивните претплатници.

Утрово многу корисници на „Т-хоум“ се пожалија дека немаат интернет. Од компанијата информираа дека навистина имало проблем, меѓутоа курцшлусот не бил во македонската компанија. Како што велеа оттаму, од трите меѓународни линкови за интернет дури два биле паднати и целиот интернет сообраќај се одвива преку еден проток што го згуснува сообраќајот и создава проблеми.

Проблемот не беше присутен кај сите корисници, некои сепак има интернет пристап.

Поврзани новости