Смртноста на новороденчињата во последните три години е намалена во Македонија со што земјата предводи во однос на другите држави од регионот. Ова го истакна специјалната претставничка на Светската здравствена организација за Северна Македонија, Ане Јохансен на денешниот форум „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во земјава: Кон трансформација на здравствениот систем“.
Јохансон рече дека се уште постојат предизвици со кои се соочува здравствениот систем во земјава, но остварени се и многу значајни подобрувања. Таа објасни дека има реформи што се во тек и кои се остваруваат чекор по чекор, а се во насока на подобрување на севкупниот пристап кон здравствена заштита.
„Како признание за нашите достигнувања, ние сме избрани како единствена земја во европскиот регион на СЗО што ќе биде вклучена во книга што треба да биде објавена од седиштето на СЗО за земјите ширум светот, кои се најуспешни во подобрување на здравствените резултати на мајките и новороденчињата. Ова е достигнување со кое треба да се гордееме“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити