СЗО: Вакцинацијата да не биде услов за патување, бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите

by fokus

Вонредниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) препорача потврдите за вакцинација да не бидат предуслов за меѓународно патување бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите.

Независни експерти од Комитетот, во соопштението објавено по состанокот минатиот четврток, се осврнаа на ограничените докази дали вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ширењето на инфекцијата, како и на „нееднаквоста во глобалната дистрибуција на вакцините“.

Затоа, Комитетот препорача државите да сметаат дека доказите за вакцинација ја продлабочуваат нееднаквоста и нееднаквата слобода на движење.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ минатата недела донесоа сличен заклучок.

Во договорениот заеднички став, кој ќе биде основа за преговори со Европскиот парламент, сертификатите за вакцинација не можат да бидат услов за слободно движење, нагласувајќи го принципот на недискриминација на лица кои не се вакцинирани.

Европскиот парламент треба да се согласи за својата позиција подоцна овој месец, по што ќе може да започне разговори со Советот на ЕУ. Регулативата се очекува да биде донесена до крајот на јуни.

Во средината на март, Европската комисија предложи воведување на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, што ќе биде доказ за вакцинација, негативен тест или прележан вирус.

Поврзани новости