НИКСА, МАДИЌ И ЈАС

by fokus 18:19
18:19

СДСМ од респектабилна партија спадна на тоа да се користи со рекет квазиновинари. АНАЛитико нормално ќе го тужам. Со СДСМ како партија личен проблем немам, па ни со Петре, туку има клaсична злоупотреба на моќ од двајцата посочени високи функционери во градот

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

- Advertisements -

На почетокот на ноември месец 2020 година, за прв пат во мојата децениска кариера работејки како адвокат, бев ангажиран да застапувам јавно претпријатие. Се работи за ЈП Лајка, јавно претпријатие на Град Скопје со делегирана надлежност од градот за заловување, ресоцијализација и ерадикација на кучиња скитници. Во контакт со Лајка, и подоцнежен ангажман дојдов преку мојата работа, и нескромно, добра репутација.

Пет месеци мојата адвокатска канцеларија, која брои вкупно шест луѓе, беше максимално посветена. Иако борбеноста ми е заштитен знак, чустував дотолку поголема одговорност бидејќи се работи за јавни пари. Обемот на работа беше исклучително голем, активни предмети околу 350, секој месец нови 50-60 тужби од граѓани поради укaсатини од бездомни кучиња, дваесетина жалби и сите други пропратни адвокатски работи. Само за месец февруари во дваесет работни дена имавме сто и десет судења!

За само пет месеци бутнавме еден дел од тужбите на суд, што секој искрен адвокат би признал дека оди исклучително тешко бидејќи тужбите се основани, а и судиите не ги жалат премногу јавните претпријатија. Во најголем дел усвоените тужбени барања беа до максимум 50 отсто од утуженото, а во значаен дел и до 30 отсто од утуженото. По наша субјективна проценка, во само пет месеци со нашата работа и посветеност на ЈП Лајка и град Скопје им заштедивме помеѓу три и три и пол милиони денари.

ИМАМ ПИСМЕНИ И АУДИО ДОКАЗИ

Но, како што кај нас тоа бидува, јавните претпријатија очигледно се резервирани исклучиво за адвокати блиски до партијата на власт, независно која е. Уште во месец февруари започнаа притисоци директно од менаџментот (намерно велам менаџментот бидејќи со сигурност знам дека Петре нема врска со сето ова). Добив повик од високопозициониран функционер кој бесрамно, иако на отворена телефонска линија, првенствeно ме убедуваше дека треба да се ангажираат уште двајца адвокати, кој сум бил јас сам да гi застапувам Лајка итн.

Откако со тоа не се согласив, на најбезобразен можен начин, ми предложи дека ако сакам да продолжам да ја застапувам Лајка, да “примиш две деца кај тебе на работа, што јас ќе ти кажам”. Најпрво молчев десетина секунди во шок, неможејќи да поверувам што слушам, по што ми текна каде живеам. Реплицирав дека тоа не ми е опција, и од тој момент ми беше јасно дека штом договорот ми истече на први април, истиот нема да биде продолжен. За сето ова имам писмени и аудио докази!

Два месеци збор не сум изустил за посоченото. Сосема сум свесен каде живеам, и дека адвокатурата во еден дел за жал е партизирана, и јавните претпријатија се користат од политичари за наградување лојални адвокати. Јас партиски конекции немам, нити сакам да имам и тоа е тоа. За сето ова да не доведе во ситуација на два месеци подоцна кога НН лице, кое лажно се претставува како шеф на кабинет на Градоначалник, иако таква функција е непостоечка по систематизација (си лечи комплекси) единствено поради мои критики кон владејачките политики на најбеден начин да се обиде да ме шиканира.

Имено НН лицето коа патем наводно е независен и произлезен од невладин сектор, а чив најголем успех е што е роднина на висок функционер на СДСМ, единствено поради мое укажување дека ЛАЖЕ за анонимните хонорарци во Влада, на социјални мрежи истреска дека сум “лапал” хонорари од јавни претпријатија, “добиени без тендер”. Да беше промил писмен колку што невротично се дере по вработените во градот, ќе знаеше дека адвокатски услуги од 2014 не спаѓаат во јавни набавки и со тоа не се тендерираат.

Дали е тоа правилно или не, е посебна дискусија. Мој личен став е дека секое ЈП треба да има правен сектор, но во дел е тоа невозможно. На пример ЈП Лајка има ЕДЕН правник и тој и да се пресели во судот нема теорија да ја покрие целата работа.

„ПРИЈАТЕЛСКО УКАЖУВАЊЕ“

Нормално дека одговорив на интенционалните лаги на НН лицето. Утредента добив “пријателски” телефонски повик од моја колешка на факултет, а сега дел од СДСМ. Неколку пати ми потенцираше дека се работи за “пријателско укажување” дека функционерот многу се вознемирил и бараше од мене да ги избришам писанијата.

Не сум наивен и јасно ми беше дека по пријателското ќе следи и непријателско постапување. На рекет порталот Мактел во сопственост на лицето кое лажно се претставува како новинар Саше АНАЛитико излезе “екслузивна вест” со наслов “Димитар Апасиев и Јанаки Митровски лапале огромни хонорари од буџетот, а хејтаат хонорарци” Секој што го прочитал текстов, а такви се малкумина, знае дека се работи за школски пример на нарачан текст, нарачан од НН лицето воден од своите ниски страсти и не може да се справи со мене со демократски методи.

Текстот е преполн со лаги, дезинформации и клевети и слика од еден член од договорот, селективно презентиран, каде стои износот на месечниот надоместок. Тој договор е добиен директно од НН лицето, бидејќи од мојата канцеларија не излегол. Тој износ, нити сум го украл, нити ми е поклонет за да ракоплескам коку е власта најдобра, туку е заработен од мене и пет соработници.

Впрочем поголемиот дел од изработеното не е платено. Ивановски лаже дека со Димитар Апасиев сме спремале иницијативи на Уставен што е лесно проверливо бидејќи остава писмен траг. Па открива топла вода дека пред две и повеќе години сме организирале обуки со Димитар Апасиев (кој патем не се одржаа) небаре е грев да си продуцираме ангажмани.

ЦРВЕН КАРТОН ЗА ШТЕТНИЦИ

И секако продолжува со лажење и подметнување дека сум адвокат близок на Левица со јасна цел да ме поистовети со таа партија, а со крајна цел полесно шиканирање. Дека не сум адвокат на Левица е исто така лесно проверливо бидејќи не ги застапувам по споровите кои ги водат, а да бев близок до Левица сега ќе бев во Собрание од каде ќе кубеа коси.

СДСМ од респектабилна партија спадна на тоа да се користи со рекет квазиновинари како АНАЛитико. АНАЛитико нормално ќе го тужам, пратив  барање за извинување кое избегнува да го прими, но и за тоа има лек. Со СДСМ како партија личен проблем немам, па ни со Петре, кој ми е колега, туку има клaсична злоупотреба на моќ од двајцата посочени високи функционери во градот.

НН е толку глуп што ова му се удри од глава. И даде материјал на опозицијата да го напаѓа градоначалникот во изборна година, а мене не ми нашкоди ниту секунда. Кој забога верува на АНАЛитико. Но, ме мотивираа и апсолутно активно ќе се вклучам во годинешната кампања, а НН нека моли Бога да не го видам во кафеана. Единствено ми е криво за Петре, кој повеќе пати сум потенцирал е далеку од најлош градоначалник, но можеби ова треба да му биде школа за да даде црвен картон на вакви штетници, па чиви и братучеди да биле!

 

Поврзани новости