СЗО: Трета доза на вакцина не е луксуз

by Fokus

Трета, бустер доза од вакцината против ковид-19 е начин да се заштитат најранливите, а не „луксуз”. Ова го посочија од СЗО.

Претходно тие посочија дека ревакцинацијата на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.

„Трета доза од вакцината не е луксуз кој е одземен од некој друг што сè уште чека на прва доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите“, рече Ханс Клуге, шеф на СЗО Европа, на брифинг со новинарите.

Поврзани новости