827
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на корона вирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа .
Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на корона вирусот.
СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на корона вирус.