СЗО: Ризикот од омикрон е голем, може да има тешки последици

by fokus

Ризикот од новооткриениот сој на омикрон е голем, објави Светската здравствена организација во своето соопштение утрово.

Од СЗО утрово беше соопштено дека на државите веќе им е дадено упатство поврзано со новиот сој на коронавирусот, а се истакнува и дека постои голема веројатност од понатамошно ширење на сојот ширум светот.

Исто така СЗО предупреди дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта која штотуку се истражува, може да дојде до сериозни последици.

-Омикрон има невиден број на мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата, соопштуваат од СЗО, а се додава и дека веројатноста од „потенцијално понатамошно ширење на мутацијата е високо на глобално ниво“.

Првата препорака до државите е организирање на приспособливи мерки за меѓународно патување.

-Имено, постои загриженост околу можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет, додава СЗО напоменувајќи дека тогаш е голема веројатноста од понатамошно ширење на омикрон на глобално ниво.

-Во зависност од тие карактеристики може да дојде до иден налет на бран на Ковид-19, што би можело да има сериозни последици. Проценуваме дека вкупниот глобален ризик е поврзан за новиот сој на Ковид-19 и е многу висок, се додава во соопштението на СЗО.

Поврзани новости