Лицата кои прележале Ковид не се заштитени од инфицирање со новиот корона-сој, Омикрон, велат од Светската здравствена организација.
-Сметаме дека претходна инфекција не штити од Омикрон, изјави денеска инфектологот Ане фон Готберг од јужноафриканскиот Национален институт за преносливи болести (НИЦД). Овој проблем и натаму се истражува, рече Фон Готберг на прес-конференција, но додаде и дека првичните набљудувања говорат дека со Омикрон може да се заразат и да заболат и лица кои веќе прележале Ковид. Нивните симптоми, меѓутоа, се помалку тешки.
Во меѓувреме присуството на Омикрон е докажано во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Германија. Првите Омикрон-случаи денеска ги пријави Индија.
Центарот за контрола и превенција на болести на Африканската унија предупреди дека не треба да се крева паника поради новата варијанта на коронавирусот.
-Нема основа за паника, рече шефот на овој центар, Џон Нкенгасонг, додавајќи: „Не сме без заштита.“