СЗО предупредува: Во октомври и ноември ќе има повеќе смртни случаи од корона вирусот

by Fokus

Светската здравствена организација (СЗО) очекува зголемување на бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември, период, кој според нејзините предвидувања ќе биде „потежок“ што се однесува до епидемијата, изјави денеска за Франс прес директорот на европскиот огранок на организацијата, пренесува Бета.

– Работите ќе станат потешки. Ќе видиме поголема стапка на смртност во октомври и ноември, изјави Ханс Клуге.

Се очекува зголемување на бројот на смртни случаи на дневна основа поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со повторното ширење на епидемијата во Европа, наведе СЗО.

– Сега сме во момент кога земјите не сакаат да слушаат ваква лоша вест, јас го разбирам тоа, рече шефот на европскиот огранок на СЗО, кој посочи дека сака да испрати „позитивна порака“ дека пандемијата „ќе запре во одреден момент“.

Поврзани новости