СЗО: Последица од пандемијата може да биде зголемена телесна тежина кај децата

by Fokus

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на корона вирусот може да има непредвидливи последици кои би можеле да резултираат со зголемена дебелина кај децата.

Во извештајот од регионалната канцеларија на СЗО објавен денеска се наведува дека затворањето на училиштата за време на карантинот може негативно да влијае врз исхраната и физичката активност на децата, бидејќи тие немаат училишни оброци и училишни активности.

– Ковид-19 може да влијае врз влошување на еден од загрижувачките трендови во европската област на СЗО, а тоа е појава на зголемена телесна тежина кај децата, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Тој додаде дека прекумерната телесна тежина подоцна се поврзува со опасни болести по живот, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.

За да се избегне негативното влијание на коронавирусот врз иднината на децата, Клуге повика на усвојување на научно базирани политики насочени кон промовирање на здрава исхрана и физичка активност, а притоа мислејќи на воведување данок на засладени пијалоци, се наведува во извештајот.

Поврзани новости