Повторно проблеми за Златан Ибрахимовиќ

by Fokus

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли проговори за состојбата на напаѓачот на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ, кој се повреди на мечот од 35. коло на италијанскиот шампионат против Јувентус (3:0).

– Тој има мала повреда на коленото. И тој дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите против Торино и Каљари, информира Пиоли.

Милан се надева на враќање на Ибрахимовиќ во последното коло од италијанскиот шампионат. На крајот на сезоната, тимот на Пиоли ќе се сретне со Аталанта.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец постигна 15 погодоци на 19 натпревари во Серија А. Неодамна го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година.

Поврзани новости