600
Светската здравствена организација во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион донари за справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот, информираше Министерството за здравство.
Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за Ковид 19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земајва за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава.