Пандемијата од „Ковид-19“ сериозно влијае на грижата за болните или предвремено родени новороденчиња, а многумина се непотребно одделени од своите мајки и се изложени на ризик од смрт или долготрајни здравствени проблеми, предупреди Светската здравствена организација.
Две нови студии, откриле дека мајките со потврдени или сомнителни инфекции со коронавирус не дозволуваат контакт со нивните новороденчиња во породилиштата, а скоро четвртина од анкетираните мајки рекле дека не смеат да дојат до новороденчето поради сомнение за инфекција со Ковид-19.
Но новите студии укажуваат дека раниот и многу близок контакт помеѓу мајката и новороденчето, може да спаси повеќе од 125.000 животи.
Новородените бебиња ширум светот имаат право на контакт со своите родители кој ќе ги спаси и ваквиот контакт не треба да им се забранува поради пандемијата со „Ковид-19“, рече Аншу Банерџи, експерт за здравствена заштита на мајки и новороденчиња од Светската здравствена организација.
Повеќе од 85 проценти од анкетираните изјавиле дека стравуваат за своето здравје, а недостатокот на опрема за лична заштита, стресот и безбедноста се меѓу главните проблеми. Истражувањата покажаа дека во некои болници, виталните ресурси, вклучително персоналот и резервите на кислород, се префрлија од одделенијата за новороденчиња во одделите за Ковид-19.