364
Новата вакцина против ебола се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Вакцината против ебола била тестирана на илјада заразени во Гвинеја.
Веруваме дека светот е на чекор поблиску во пронаоѓањето на ефикасна вакцина против ебола, изјави експертот за вакцини на СЗО, Мари Паул Кини на прес-конференцијата во Женева.
Здравствените експерти после последното тестирање на новата вакцина оценуваат дека резултатите од истражувањето се извонредни и ги менуваат работите врзани за оваа болест.