Владата ќе потроши од 6 до 8 милиони евра за споменикот на Мајка Тереза

by Фокус

На вчерашното јавно наддавање за изградба на споменикот на Мајка Тереза стигнале две понуди: од „Урбан инвест“ кој дал понуда од 6,2 милиони евра и „Бетон“  кој побарал 8,2 милиони евра. Во наредните денови, Министерството за култура ќе ги разгледа понудите по што ќе следи електронска аукција.

Изведувачот на овој проект ќе треба да изгради  објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи од мермер и бронза.

Автор на овој најнов споменик е Валентина Стефановска заедно со Кирил Мукаетов, која претходно ги изработи и спомениците на Александар Македонски и Филип II, како и Порта Македонија.

Владата при најавувањето на споменикот на Мајка Тереза тврдеше дека тој ќе биде целосна донација на индискиот бизнисмен Субрата Рој, но откако тој заврши во затвор, парите ќе бидат одвоени од Буџетот на Македонија.

Поврзани новости