СЗО: Нема докази дека вирусот на мајмунски сипаници мутирал

by Fokus

Светската здравствена организација нема докази дека вирусот на мајмунски сипаници мутирал, изјави еден од извршните директори на агенцијата на ОН, истакнувајќи дека заразната болест која е ендемична во западна и централна Африка има тенденција да не се менува, пренесе Ројтерс.

Според агенцијата, Розамунд Луис, шеф на секретаријатот за мали сипаници, кој е дел од Програмата за итни случаи на СЗО, на брифингот изјави дека мутациите обично се пониски кај овој вирус, иако секвенционирањето на геномот на случаите ќе помогне да се информира за разбирање на моменталната епидемија.

Повеќе од 100 сомнителни и потврдени случаи во неодамнешното избувнување на вирусот во Европа и Северна Америка не се тешки, рече Марија ван Керхове, раководител на Одделот за новите болести при СЗО, како и за анализирање на Ковид-19.

Епидемиите се атипични, според СЗО, бидејќи се случуваат во земји каде што вирусот не циркулира редовно. Научниците се обидуваат да го разберат потеклото на случаите и дали нешто во врска со вирусот се променило.

Поврзани новости