По смртта на мајката на Марјанчо од македонски „Идол“, тој е препуштен на себе, не се потребни донации, туку работа и соба!

by fokus

На Марјанчо Костовски од Прилеп, момчето кое стана популарно во земјава по видеото од аудицијата во музичкото шоу „Идол” од пред околу 12 години, му е потребна помош.

Костовски, кој срамежливо го покажа својот музички талент пред Калиопи, Игор Џамбазов и Тони Михајловски, но не успеа да направи музичка кариера, немал родители и роднини, немал ниту кров над глава.

Неговиот пријател Даниел Кочоски апелира до сите претприемачи кои можат да помогнат, со цел Марјанчо да добие работа и соба.

За ,,Фокус” тој појаснува дека момчето е со блага попреченост, но е чесен и вреден работник.

-Марјанчо има стара куќа, на која и е паднат кровот. Откако почина мајка му, местото е како депонија. Тој има примања, разнесува Лото, а добива и социјална помош од 5.000 денари месечно.
Проблемот е тоа што му треба соба, да има каде се избања, да има топол кревет. Не се потребни донации во пари, само стабилна работа и сместување.

Добива храна од хумани угостители од Прилеп, му беше понудено сместување во Дом за стари лица, но доколку биде сместен во домот, ја губи помошта од 5.000 денари.
Единствен начин да му се помогне на ова чесно момче, е да му се понуди стабилна работа и скромен кров над глава.
Ги замолувам сите кои можат да му пружат рака на Марјанчо, да ме побараат на социјалната мрежа Фејсбук, мене или пак Маја Џордано, верувам дека има надеж и дека ќе му помогнеме на ова чесно момче да си го среди животот – ни изјави Кочоски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости