Северна и Јужна Америка бележат нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Извршниот директор на програмата за вонредни случаи на СЗО, Мајк Рајан рече дека Централна и Јужна Америка станале „зони на интензивно пренесување“ на вирусот.
Тој додаде дека не верува дека е достигнат врвот во трансмисијата и истакна дека во моментот не може да предвиди кога ќе достигне тој врв.
-Пет од 10-те земји низ целиот свет кои пријавиле најголем број нови случаи во последните 24 часа се во Америка: Бразил, САД, Перу, Чиле и Мексико, вели Рајан.
Тој потсети дека пред повеќе недели светот беше фокусиран на Јужна Азија и Африка како потенцијално жариште на вирусот, но дека сега, до одреден степен, ситуацијата во тие области е сè уште тешка, но стабилна.
– Од друга страна, очигледно е дека ситуацијата во многу земји од Јужна Америка е далеку од стабилна. Има рапидно зголемување на бројот на случаи и овие системи се под зголемен притисок, истакна Рајан.
САД и натаму се на прво место на листата на сајтот на „Ворлдометерс“ со 1.859,361 и 106.925 починати. Потоа следи Бразил има 529.405 заболени и 30.046 починати. Во Перу регистрирани се 170.039 заболени и 4 634 смртни случаи, во Чиле 105.159 заболени и 1.113 и Мексико со 93.235 заболени и 10.167 починати.