Романскиот премиер казнет за неносење маска и пушење во својот кабинет

by Fokus

Романскиот премиер Лудовик Орбан и четворица министри се парично казнети поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот.

Според романската агенција Медијафакс, тие морале да платат казна затоа што на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет не носеле заштитни маски.

Поради тоа, Орбан платил казна од 2.500 леи (околу 500 евра) бидејќи не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет.

Казна со иста вредност треба да плати и шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој исто така пушел.

Во Романија е забрането пушење во јавни простории, а поради вирусот ковид-19 предвидено е и задолжително носење маски.

Министрите за економија и за транспорт, Виргил Попеску и Лучијан Боде добиле помали парични казни само за неносење маска.

Вицепремиерот Ралука Туркан доби најмала парична казна, „само“ 1.000 леи, бидејќи на прославата имал маска, но не околу устата и носот, туку околу вратот. 

Поврзани новости