СЗО: На повидок е крајот на пандемијата

by fokus

Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.

„Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“, рече Тедрос на виртуелна прес-конференција.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела беше најмал од март 2020 година, објави СЗО.

Претставникот на СЗО, Марија Керхове, рече дека се уште се очекуваат бранови на Ковид-19, но дека светот има свои начини на борба, како што се вакцини и антивирусни лекови за спречување сериозни состојби кај пациентите.

Се намалува и бројот на заболени од мајмунски сипаници, но Тедрос повика на будност и продолжување на борбата против болеста.

„Како и со Ковид-19, ова не е момент за опуштање, мора да останеме будни“, рече Тедрос.

Поврзани новости