СЗО: Можно е 23 милиони луѓе да се погодени од земјотресот во Турција

by Fokus

Светската здравствена организација денеска излезе со предвидување за страшниот земјотрес кој вчера утрото се случи во Турција и Сирија.

Според нивните информации, можно е 23 милиони луѓе да се погодени од оваа природна катастрофа, а СЗО вети помош за погодените региони.

Турската агенција за итни случаи соопшти дека 5.775 згради се уништени во вчерашниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, по кој следеле 285 афтершокови. Според Американскиот геолошки институт, ова бил најсилниот земјотрес на светско ниво од еден во далечниот Јужен Атлантик во август 2021.

Поврзани новости