Османи со порака до Бугарија: Да ги прекинеме негативните односи!

by Fokus

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната прес-конференција со неговиот чешки колега, Јан Липавски, упати порака до Република Бугарија.

Како што истакна тој, време е, како што рече, да го прекинеме циклусот на негативни односи кој не е во интерес на двете држави.

„Не секогаш комуникацијата се движеше низ таа предвидена динамика и низ таа договорена волја за соработка меѓу двете држави и тоа од многу причини. Пред сè честите изборни процеси во Република Бугарија. Знаете дека на 2 април ќе имаат петти изборен циклус во последните две години, односно ќе имаме петти министер за надворешни работи со кој јас ќе треба да работам во услови во кои јас сум само две години министер за надворешни работи што создава една непредвидливост во комуникацијата и одржување на таа договорена волја. Обично изборните процеси се тие кои ја вжештуваат комуникацијата,“ вели Османи.

Поврзани новости