Светската здравствена организација ја одобри вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ за итна употреба.
Вакцината e една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство. Taa е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“.
СЗО досега одобри итна употреба на вакцини против Ковид-19, развиени од Фајзер/Бионтек,АстраЗенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.
Сепак, индивидуалните здравствени регулатори во различни земји – особено оние посиромашните во Африка, Латинска Америка и Азија – веќе одобрија кинески вакцини за итна употреба.
Поради малку објавени податоци на меѓународно ниво, ефективноста на различните кинески вакцини не е позната веќе подолго време.